По обилните дождови, поројните поплави го зафатија и градот Халејн во Австрија. Малата градска река се претвори во порој.
„Ситуацијата е многу напната и драматична“, изјави портпаролот на локалната полиција.
Населението во овој град е предупредено да внимава и да не слегува во подрумите. Ситуацијата е напната и во другите делови на австриските Алпи. Околу Кицбил, во западната провинција Тирол, пожарникарите испумпуваа вода од бројни подруми.
#Hallein Austria pic.twitter.com/WYvOzDv9cq
— Paul Miller (@xJustBelieve) July 17, 2021