Штипскиот кардиохирург д-р Сашо Николов спаси живот во Суботица на кошаркарски натпревар, објави локалната телевизија Стар.

Познатиот кардиохирург од Штип, д-р Сашо Николов спаси живот на на Меѓународен турнир во кошарка за ветерани во Суботица. Откако натпреварот завршил, еден од учесниците на турнирот се струполил од масивен срцев удар. Лицето практично не давало никакви знаци за живот се додека не се појавил докторот Николов, кој и самиот е учесник на овој турнир како кошаркар.

Брзата и стручна реакција биле клучни да се спаси животот на кошаркарскиот ветеран.

Сашо Николов направи уште еден професионален подвиг и ги освои срцата и симпатиите на сите присутни но, и на огромно широката јавност, која многу бргу дозна за случајот.

Впрочем аплаузот на присутните и видеото сведочат за сé.