Со едноставно пребарување на Интернет, ако напишете „полицаецот и професорката“, сите резултати водат до многу жесток случај од 2010 година, кога професорка од општината Санпол во Романија му удрила шлаканица на полицаец, а потоа таа добила жестока шлаканица од полицаецот. Сликите потоа ја обиколија земјата и интернетот и ги направи двајцата познати.

Во 2010 година, ученици, професори и родители на ученици од училиште во Романија се пожалиле дека наставничката вербално и физички ги малтретирала. Повикани да ја смират жената, полицајците на своја кожа го почувствувале гневот на учителката.

Каталина Домнуи стана позната во 2010 година откако удрила шлаканица на полицаец кој ја истражувал за агресија на нејзини ученици и деца на час.

Таа беше отстранета од системот неколку месеци, но се жалеше до Националната комисија за дискриминација, со образложение дека е од ромска етничка припадност и тврдеше дека се што и се случува е врз основа на нејзината етничка припадност. По неколку месеци комисијата ѝ дала позитивно мислење, по што се вратила да предава во средното училиште.