Ситуацијата во која данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен се бореше за живот на теренот на стадионот во Копенхаген потресе милиони луѓе ширум светот. Само два часа подоцна, слична неубава сцена се случи во Бразил.

На натпреварот од бразилската Серија Д помеѓу Бангу и Сао Бенто, играчот од средниот ред на домашниот тим, Каио Цезар (25), се онесвести и падна како покосен, па беше итно пренесен во болница!

За среќа, тој ја доби целата потребна помош и успеа да се опорави! Бразилските медиуми пишуваат дека истиот ден бил пуштен дома. После она што му се случи на Ериксон, сите на стадионот беа во шок и вознемиреност кога Цезар лежеше неподвижен.

Играчот на Бангуа се онесвести откако му се слоши, потврди докторот на противничката екипа Касио Рускони за локалната телевизија. Во текот на ноќта, клубот на Цезар се јави и потврди дека сега сè е во ред со играчот.