Недалеку од Врњачка Бања дошло до страшен инцидент, кој бил снимен од камери, јавуваат српските медиуми.

На социјалните мрежи се појави видео од запален автобус. Се работи за автобус полн со деца, кои се враќале од екскурзија од Копаоник, а инцидентот се случил на 12 километри пред Врњачка Бања.

Станува збор за автобус кој превезувал деца. Информер.рс пренесува дека децата кои биле во автобусот безбедно излегле.

– Пожарот е локализиран во 14 часот и 55 минути. Пристигнувајќи на местото на настанот во 14 часот и 40 минути било констатирано дека пожарот ги зафатил електричните инсталации во моторниот дел на автобусот, објави Информер.

Како што дознава Нова.рс, во автобусот имало 76 патници, а за среќа нема повредени.

View this post on Instagram

A post shared by Beograd Info (@beograd_info)