Сите 14 обвинети , меѓу кои и екс министерот за економија Крешник Бектеши и екс директорот на ДПИ, Горан Трајковски пред малку се спроведени во обвинителството во Кочани.

Пристигнаа во Кочани сите 14 обвинети за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која загинаа 59 млади, а по неколку часа почина и возачот на Итната медицинска помош.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во изјава во Кочани рече дека во моментот се држат рочишта по однос на предлозите за притвор.

-Вкупно до овој момент се работи на итно процесуирање на 14 лица обезбедени од нашето постапување до овој момент. По однос на увидот можам да кажам дека сите важни релевантни факти и докази на местото се обезбедени и следат дополнителни анализи и вештачења од соодветна област, рече тој, дополнувајќи дека во текот на оваа недела има можност да се поведе истражна постапка.

Loading...

Коцевски не потврди конкретно дека мерките се однесуваат и на поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, како и инспектори од општината.

-Сите лице кои тимот на јавни обвинители утврди дека имаат, односно немаат преземено некои активности кои подлежат на кривично правен аспект ќе бидат опфатени, рече тој.

Loading...