Снимка направена на автопат некаде во Словенија предизвика вистинска полемика во регионот. Имено, запирањето на возачот и изнесувањето на детето на коловозната лента станало предмет на расправија дали таткото постапил правилно, односно дали го довел во опасност своето дете.
На видеото објавено на Фејсбук страницата „Возиме паметно со ДАРС“ се гледа маж, кој го запрел автомобилот на лентата за застанување и го извадил синот од задното седиште, го ставил до автомобилот на нокширот и чекал да се олесни.
Тој неколку пати го поместил детето кое во еден момент, како што може да се види на видеото, било пред задниот дел од возилото. Откако извршил нужда, таткото го вратил детето во автомобилот, ја фрлил содржината од нокширот на страна од патот и си заминал.
Словенците кои ја гледаа содржината многу бурно реагираа на ваквото однесување, особено кон странците кои патуваат низ оваа земја.