Српската презентерка на временска прогноза Зорана Николетиќ доби отказ поради реченица што ја изговори на 17 јуни во Дневник радио-телевизија Војводина.
Имено, таа започнала со временската прогноза за следниот ден и во еден момент застанала и рекла: „Јао, Боже“. Прилогот потоа заврши, а водителката на Дневник РТВ ги одјави вестите.
Синдикатите на вработените во Радио-телевизија на Војводина побараа од раководството на јавниот медиумски сервис да ја преиначи казната за раскинување на договорот на оваа новинарка.
Горан Караџиќ, генерален директор на РТВ Војводина, за Danas.rs изјави дека оваа грешка е доволна за отказ.
„Апсолутно. Тоа не е грешка, тоа е небрежност“, рече тој.