Српскиот приватен детектив Браца Здравковиќ, која на јавноста ѝ е познат и по случајот со Матеј Периш бидејќи беше ангажиран од семејството Периш за пронаоѓање на момчето од Сплит, за случајот кој ја потресе Македонија и целиот регион вели дека целиот настан е шокантен. Две лица, вели, биле убиени на најмонструозен начин.

– Толку е збунувачки од самиот почеток. Сега со сигурност само знаеме дека двајца се убиени и дека егзекуторот е истиот кој сега е во притвор во Турција. Е сега, најморбидното во целата приказна е што тоа го организирал со својот долгогодишен пријател Александар, кој е татко на девојчето. Љупчо е децениски пријател на семејството. Тој со дедото на Ваеа се занимавале со разни бизниси. Во еден момент решил покрај работите што ги има, да почне и со градежништво и го ангажирал Палчо, рече Здравковиќ.

Дедото на Вања на ќерката ѝ купил стан, во кој живеела со бившиот сопруг. Имал повеќе станови, кои им ги префрлил на внуките, вели Здравковиќ и додава дека има шанси и тоа да е еден од мотивите.

– Не се работи за класично киднапирање. Знаеме како се наоѓаат „штек“ становите, каде ќе се врши примопредавањето и наплатата. Секое киднапирање е поврзано за пари. Имаме киднапирање во Србија, пријавено после 12,5 минути. Детето не е убиено. Клучното прашање е зошто била убиена, можеби тоа била одмазда? Нерасчистени сметки меѓу дедо ѝ и Палчо? Тие заработиле милиони… – вели Здравковиќ.