Судењето меѓу Џони Деп и Амбер Херд продолжи денеска, а како еден од сведоците беше повикан и обезбедувачот на Деп, Малколм Коноли.

Коноли се врати наназад на времето поминато на ѕвездата во Австралија во 2015 година додека го снимаше филмот „Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales“. Херд во тој период живеела со Деп во Австралија.

Во вкрстено испрашување, нејзиниот адвокат го праша Коноли, кој се појави преку видео повик во живо во судницата, дали тој бил сведок на тоа дека Деп уринирал во фоајето на нивната резиденција во тоа време.

Коноли рече дека слушнал бучава во куќата и кога влегол го видел Деп во лобито, но не го видел како мокри.

– Господин Деп го извади пенисот, нели? праша адвокатот, на што Деп одмавна со главата од своето место и се насмеа.

– Мислам дека би се сетил доколку го имав видено пенисот на господинот Деп, се пошегувал британскиот телохранител, кој се уште работи за Деп.

Да потсетиме, Деп ја тужи Херд за клевета поради написот од 2018 година што таа ја напиша за „Вашингтон пост“, во кој зборуваше за преживеаното семејно насилство.

Двојката се запозна на снимањето на филмот The Rum Diary во 2011 година, а се венчаа во 2015 година. Тие раскинаа во мај 2016 година кога Херд го обвини Деп дека ја злоставувал. Деп ги негираше обвинувањата, а разводот беше решен вонсудски во август 2016 година.