Тешка сообраќајна несреќа во Струмица. Во судир на неколку возила повредени се голем број лица, а има и загинати. Во извлекувањето на повредените учествуваше и противпожарната единица. Ваква беше сликата денеска во центарот на Струмица. За среќа само како дел од сценариото на голема симулациска вежба.

Целта беше да се провери координацијата на институциите од системот, но и да се упати порака за поголема одговорност бидејќи сообраќајни несреќи се случуваат секој ден и секаде.

Вежбата беше организирана во најфрекфентниот дел од градот со намера што поголем број граѓани да имаат можност да ја видат, а на тој начин и да ја добијат пораката дека секој треба да ги знае основите на првата помош.

Симулациската вежба беше организирана по повод 8 ми мај, светскиот ден на црвениот крст.

Во неа освен волонтерите од црвениот крст учествуваа Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, СВР Струмица, противпожарната единица, брзата помош и дирекцијата за заштита и спасување и велосипедскиот клуб Актив.

Погледнете ја целата сторија на Сител Телевизија: