Тешка сообраќајна несреќа доцна вечерва се случи на автопатот А1 во Хрватска кај излезот Равча во правец кон Дубровник, извести полицијата.

Во судирот на две возила, кој се случи во 22 часот и 50 минути, загинаа три лица, а истрагата е во тек, јавуваат вечерва хрватските медиуми.

„Поради сообраќајна незгода на 451 км помеѓу клучка ЗАГВОЗД и клучка РАВЧА, во прекин е сообраќајот помеѓу клучка ЗАГВОЗД и клучка РАВЧА во правец кон Дубровник. Возењето во правец кон Загреб се одвива непречено, објавија медиумите.

Повеќе информации за несреќата се очекуваат во текот на претпладнето.