Три лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на јужната обиколница околу Љубљана.
Несреќата се случила кога камион налетал на колона возила, по што два товарни камиони и три автомобили целосно изгореле. Камионџијата, кој се движел во правец на Приморска, нешто по 15 часот на излезот кон Рудник налетал на колона возила која поради густиот сообраќај полека се движела, но не успеал да застане.
Едно лице загинало во автомобилот на кој налетал, а уште две во друг автомобил кој бил зад запалениот камион.
– Околу 15 часот и 30 минути на јужната љубљанска обиколница кај излезот Рудник во правец кон Копер се случи тешка сообраќајна несреќа. Биле вклучени повеќе возила, меѓу кои и камион, кој се запалил. Возачот на камионот налетал на патнички автомобил, кој го фрлил во друго патничко возило, а потоа двата автомобила во друг камион. Вториот камион потоа се судрил со автомобил со приколка и се превртел. Првиот камион и патничко возило беа зафатени од пламен. Загинаа три лица кои се наоѓаа во првите два автомобили – соопшти полицијата.
Дел од обиколницата кон Копер е затворена и така ќе остане до длабоко во ноќта.
– Камионот го туркал автомобилот пред себе, кој исто така бил во пламен. Позади имаше уште еден помал автомобил и за жал веднаш видовме дека во него има две жртви. Со техничка интервенција ги извлековме телата и помогнавме да се извлечат луѓето од другиот автомобил со приколка што слета, а на таа страна застана и другиот камион – изјавила Силва Кунтарич од Противпожарната бригада на Љубљана, објави словенечки Дневник.
🚦🚧Zaprta je ljubljanska obvoznica med priključkoma LJ-jug in Rudnik proti KP, zaradi gorečega tovornjaka.
Obvoz:
Iz smeri predora Golovec proti Šmarju Sap, oziroma iz smeri NM na severno ljubljansko obvoznico in potem proti KP.
ℹ https://t.co/mq0Lk7UrLd ali na 📲Promet+ pic.twitter.com/btEFbnx4Wk— Promet.si (@promet_si) September 11, 2023