Приказната е забележана во Мадрид, каде властите упаднаа во кинески ресторан во областа Узера на 25-ти март и дојдоа до ужасно откритие.

На интернет се појави видео, на кое се гледаат валкани замрзнувачи, месо на машина за сушење алишта и чинии со искубани и печени гулаби.

Лебарки и стапици за стаорци

Медиумите наведуваат дека ресторанот имал осум неисправни замрзнувачи полни со кеси со месо без етикета и датум, додека во кујната биле пронајдени лебарки и куп стапици за стаорци.

Loading...

Немало термометар за контрола на температурата во просторот за складирање, а насекаде имало рѓосани и валкани садови, пишува Дејли мејл.

Нареди затворање на простории

Надлежните велат дека во ресторанот биле пронајдени и недозволени предмети како морски краставици чија трговија е забранета поради статусот на заштитена фауна.

Властите веруваат дека вработените ловеле гулаби по улиците, а потоа ги кубеле, ги подготвувале и ги нуделе како „печена патка“, пишува „Ел Мундо“.

По рацијата, наредено е ресторанот да се затвори, а сопственикот е кривично гонет за непочитување на прописите за јавно здравје.

Loading...