Македонскиот голман, Столе Димитриевски е во главна улога во дуелот меѓу Валенсија и Реал Мадрид, тој изнуди црвен картон за Винисиус Жуниор.

На 15 минути пред крајот, откако заврши една акција на Реал Мадрид. Димитриевски упати мала провокација до Винисиус кој наседна, го удри македонскиот голман кој падна на земјата.

Судијата по прегледување на снимката му даде црвен картон на Винисиус.