Поради пукање на улична водоводна цевка во Костолачката улица во Белград, пропадна камион за достава, јави РТС. Реки со каллива вода се слеваат кон Кумодрашка улица низ која поминуваат 4 линии од градскиот превоз. Возачот на камионот, кој превезувал намирници за Геронтолошкиот центар останал неповреден, а за РТС раскажа дека не бил свесен што му се случило.
-Возев полека, а камионот одеднаш потона, не знаев што ме снајде. Соседите рекоа дека пријавиле дефект во „Водовод“, но никој не дошол, а јас поминав тука прв“, рече возачот.
Тој додаде дека не знаел како излегол од пропаднатиот камион со оглед на тоа што инцидентот се случил рано утрово околу 4.30 часот.
-Бев сам, а беше мрак, камионот само потона, рече тој.
Дефектот на водоводната цевка на улицата е пријавен вчера околу 2 часот, но никој не реагира. Екипите од „Водовод“ утрово дошле на терен, но само констатирале дека тие не се надлежни за тоа и требало да се вклучи друга екипа.