Серијата земјотреси кои го потресуваат архипелагот Додеканез трајно го менуваат изгледот на Санторини, едно од најубавите острови на Грција, кое се наоѓа во Егејското Море.
Најсилниот од дури 6.400 земјотреси кои го погодија овој регион од 26 јануари се случи вчера и имаше јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала.
Како резултат на бројните земјотреси, дојде до многу одрони, а еден од големите речиси целосно ја уништи познатата Црвена плажа, која е симбол на Санторини, пренесува грчкиот портал Protothema.gr.
На социјалните мрежи се појавија снимки од плажата покриена со камења кои се одрониле од блискиот рид. Недалеку од оваа плажа се наоѓа познатото археолошко наоѓалиште.
Σαντορίνη: Μεγάλη κατολίσθηση στην Κόκκινη Παραλία Τουρίστες έβγαζαν selfies στο χείλος του γκρεμού
🖇️ https://t.co/LlVgbyJeBH#σεισμος #Σαντορινη #σεισμός #Σαντορίνης pic.twitter.com/h5Np5JwXeQ— in.gr/news (@in_gr) February 4, 2025
Локалните власти поставија ленти и известувања дека плажата е затворена.
Според наводите на грчките медиуми, повеќе од 10.000 туристи и локални жители го напуштиле Санторини, од саботата кога земјотресите драстично се зголемиле.