Најмалку 18 лица загинаа денеска во експлозија во фабрика за петарди во индустриска зона во областа Банасканта во индиската сојузна држава Гуџарат.

„Осумнаесет лица загинаа во инцидентот, а пет беа повредени откако ѕид од зграда се урна по голема експлозија“, рече началникот на полицијата Акшајрај Маквана, според Hindustan Times.

Повеќето од жртвите се работници од државата Мадја Прадеш и членови на нивните семејства.

Loading...

Loading...