Поранешниот заменик директор во дирекцијата на Управата за јавни приходи и функционер на ДУИ Исмет Гури е недостапен за органите на прогонот, објави порталот 4news.mk.

Според наши информации, Исмет Гури последно беше во куќен притвор, откако судот го ослободи од затвор поради потребите за редовно примање терапија.

Тој е еден од осомничените во истрагата која се води против 15 лица кои се сомничат за даночно затајување, злосторничко здружување и перење пари, за кои обвинителството објави минатата година.

Осомничените го довеле во заблуда даночниот орган – УЈП и неосновано побарале и добиле враќање на ДДВ од околу 840.000 евра.