Вистинска драма се одвивала на плажата во Олимпик Бич додека спасувачите и итните служби спасиле жена од водата.
Оваа ситуација ја сподели член на грчката инфо група, прашувајќи се што на крајот се случило со жената.
„Здраво луѓе. Денеска околу 13 часот на плажа кај кафулето во Олимпик Бич жена се наголтала вода, а спасувачите и Брзата помош интервенирале со кислород по неколку минути CPR извршен од лекар кој фала богу се нашол на плажата во тој момент. Итната помош ја однела на количка додека жената едвај дишела и се секиравме дали е добро“, стои во објавата.
Нејзината ќерка набрзо се осврна на коментарите, истакнувајќи дека нејзината мајка сега е добро.
„Ви благодарам на сите, мајка ми е добро фала богу и многу ви благодарам на сите што помогнаа“, напиша таа.
Во коментарите, луѓето изразија желби за брзо закрепнување.