Од денеска официјално започнува месец јуни, кој иако на почеток на летото сепак за некои е омилен месец за летен одмор. Според грчките метеоролози, јуни ќе биде навистина жежок со температури кои ќе надминат 33 Целзиусови степени, а следат четири многу топли денови.

Според метеоролозите, од утре ќе има значителен пораст на живата и тие доста високи температури за овој период ќе се задржат до среда (5-ти јуни.

Како што рече метеорологт Клеархос Марусакис во својата прогноза, „ќе видиме температури близу 35 до 36 Целзиусови степени, па и дури 37 степени. Ќе биде доста топло, неколку степени над нормалното ниво на температурата за сезоната“.

– Подрачјата каде живата ќе биде „црвена“ ќе бидат Тесалија, внатрешноста на централна Македонија, Беотија, Атика, Арголис, додека во Коринт и Лаконија ќе видиме температури од дури 37 Целзиусови степени. И во источниот и југоисточниот Егеј живата ќе надмине 34 до 35 степени, пишуваат грчките медиуми.

Од понеделник до среда ќе има умерено интензивно движење на африканска прашина, која главно ќе ги зафати западна, централна и јужна Грција. „Сепак нема да биде алармантно под никакви околности“, рече Марусакис.

Од четврток па натаму овој прв топлотен бран ќе почне да стивнува.