Владата на Република Северна Македонија, денеска ја одржи 120-та редовна седница со која претседаваше првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.
На седницата беше донесена одлука за прогласување на ТРИДНЕВНА национална жалост поради сообраќајната несреќа во која во Бугарија смртно страдаа 46 македонски државјани.