Владата, на вечерашната седница, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, одлучи да ги задолжи корисниците, односно стопанисувачите со државни шуми, согласно Законот за шумите, да прогласат забрана за движење во шумите, по добиена претходна согласност од надлежното министерство, што ќе се операционализира од утре, 17 јули 2023 година (понеделник).
Забраната важи и за движења во националните заштитени подрачја Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер.
На подрачјето на Водно каде нема забрана за движење, се предвидени редовни контроли.