Сообраќајна несреќа се случила вечерва на стариот пат Струга-Охрид, а според информации на Телма, во неа учествувал и заменик-директорот на Царина Гарип Каба.

Во тек е увид, а од охридската полиција кратко одговорија дека лицата од двете возила кои се судриле имаат полесни повреди или не се повредени. Покрај Каба во возилата се наоѓале и жена и дете, потврдија оттаму.

На лице место се наоѓаат двете возила од кои едно е сина шкода со дебарски таблички. По увидот ќе се знаат причините за сударот.

Гарип Каба како кадар на Алијанса за Албанците на Таравари, во август беше именуван за заменик директор на Царината.