ПЕЈАЧОТ Владо Георгиев, Црногорец кој го обожаваат многу Македонци и Македонки, изгледа сериозно се уверил дека Земјата е рамна плоча. Георгиев на својот Твитер објави фотографија од морето за која вели дека ја зумирал дури 48 пати.

„Колку е заоблена, баш онака округла и тоа преку 48x зум 🤣“, напиша пејачот. Коментарите под објавата се смешни.

Дека човекот не се шегува, потврди и во една прилика кога гостуваше во една емисија и притоа се запраша зошто авионите од Јапонија не летаат до Њујорк преку Тихиот Океан?!