Малолетното девојче Мarija Ј. (15) се удави вчера во Дрина кај Шабац во 16 часот и 30 минути додека била на плажа со својата тетка, односно сестрата на нејзиниот очув, а како што дознава „Блиц“, телото на девојчето се уште не е пронајдено.
Вирот, како што велат мештаните, ја повлекол во вртлогот кога таа влегла во водата за д аја дофати влечката.
– Таа отиде до реката да плива со нејзината тетка, сестра на нејзиниот очув. Тоа место кај нас е познато по пливање, многу луѓе одат, меѓутоа, делот каде што биле е многу длабок. Во еден момент влечката на девојчето паднала во водата, таа влегла во реката за да ја извади, но со голема брзина јаповлекол вирот и наеднаш ја снемало – изјав жител на ова село.
– Како што дознаваме, спасувачите нуркачи се на лице место и трагаат по телото на девојчето. Давењето се случило во месноста Адамовача, како што мештаните ја нарекуваат оваа делница од реката Дрина, во Прњавор, објавуваат денеска медиумите.
Несреќната девојка, како што се дознава, живеела во близина, а кобниот ден тетка ѝ ја однела на капење во Дрина на топол ден.
„Дрина е опасна и за искусните капачи, ја уништија реката!
– Видов неколку автомобили како со голема брзина јуришаат во правец кон Дрина. Веднаш помислив дека нешто се случило. Луѓето викаа дека мало девојче се удавило. Тоа е доблесно и скромно семејство кое живее во близина. Таа е осмо одделение, вечерва требаше да слави матура – рекол еден од соседите кој случајно се нашол во близина на несреќата.
Според мештаните, овој дел од реката е полн со вртлози создадени од експлоатација на чакал, а речиси и да нема лето кое не зема жртви.
– Дрина е целосно уништена, полна е со вирови од копање чакал. Опасна е и за искусни пливачи и за некој што не знае да плива. Ни ја уништија реката, сега ни се дават децата – вели потресен од вчерашната несреќа еден од мештаните.
„Таа само зачекори во водата“
Тие нагласуваат и дека девојката не отишла ни до крај во водата.
-Таа само зачекори во водата да се олади, струјата ја вовлече и ја однесе. Луѓето плачеа, но никој не успеа да се најде и да и помогне бидејќи тоа се случи многу брзо – велат мештаните.