Младото момче Саболч (18) падна во кома поради голема потрошувачка на енергетски пијалоци, а во Унгарија опозицијата и владејачките партии се согласуваат дека консумирањето енергетски пијалоци треба да биде забрането за лица помлади од 18 години.
Лекарите веднаш не му дале голема шанса да преживее, дури и на родителите им рекле да размислат за донирање органи.
Добивме повик во текот на ноќта дека неговото срце престанало. Се обидоа да го оживеат дома, а потоа повикаа брза помош“, вели неговата снаа.
Следеше долга борба за животот на младиот човек, но по 20 минути болничарите успеаја да го вратат во живот и тој беше префрлен на Одделот за интензивна нега, каде потоа двапати беше реанимиран.
Меѓутоа, половина час недостаток на кислород му го оштетил мозокот и паднал во кома.
Лекарите го информирале семејството дека Саболч ќе биде во ваква состојба без можност за подобрување, а доколку се случи тоа ќе биде медицински феномен.
Но, ситуацијата почна да се менува на подобро. Прво ги отвори и затвори очите, а потоа ги мрдаше нозете. Според докторот, станувало збор за рефлексни движења.
Тогаш семејството го видело како плаче, во тој момент биле сигурни дека дејствувал свесно особено кога одговарал на едноставни барања да трепне или да крене нога.
Решиле да го однесат момчето дома.
Неверојатно е, но младиот човек целосно се опоравил и живее активен живот, но рекол дека е среќен што е жив бидејќи на секои четири дена пиел по една кутија енергетски пијалак, по шест лименки.
Лименка енергетски пијалок содржи приближно исто количество кофеин како шолја кафе, 70-100 mg.
Максималната дневна препорачана доза за возрасни е 400 mg, над која може да предизвика сериозни проблеми на долг рок.
Здружението на кардиолози на Унгарија предупредува: високата содржина на шеќер во енергетските пијалаци заедно со кофеинот негативно влијае на крвниот притисок и срцевиот ритам.
Чувствителноста на кофеин варира од личност до личност, па дури и мали дози може да предизвикаат првични симптоми на предозирање: вртоглавица, гадење, болка во градите или напад на паника, пренесува Blikk.
Таквите пијалаци треба да се класифицираат во истата категорија како алкохол или сексуални производи.