Македонски пошти вечерва известува дека на друштвените мрежи се појавиле информации дека од некои лица се барало да платат за да може да ја подигнат нивната нарачка.
Ве известуваме дека во име на АД „Пошта на Северна Македонија“ на социјалните мрежи се појавува дезинформација за достава на поштенски пратки и износ кој корисникот треба да го плати за да ја подигне својата пратка.
– Внимавајте, нова интернет измама во оптег. Не оставајте картичка, се вели во еден од коментарите на социјалните мрежи.
АД „Пошта на Северна Македонија“ не стои зад овие објави, а секое неовластено претставување во име на Пошта на Северна Македонија претставува класична злоупотреба и е предмет за кривична и друга законска одговорност. Сите вакви случаи кои стигнуваат до нас, веднаш се документираат и се пријавуваат до МВР на понатамошно постапување.
Единствено и официјално известување за достава на вашите пратки го вршат нашите пошторазнесувачи.
Ви благодариме што го пријавувате секој неовластен обид за злоупотреба на Пошта.
За сите информации во врска со Пошта, Ве молиме посетете ја нашата официјална веб страница www.posta.com.mk