Сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес направи застој во сообраќајот. Се судрија две товарни возила, камион и комби.

Во несреќата настрада и дива свиња, која веројатно и била причина за несреќата.

Во сообраќајката нема потешко повредени, а причинета е материјална штета.

Тие кои планираат да патуваат во правец кон грчка граница нека внимаваат пред патарината кај Велес бидејќи има застој.