Сезоната за правење на ајвар во Македонија е во полн ек, па потсетуваме на еден несреќен случај кој се случи во Кавадарци пред точно 8 години, односно во октомври 2016 година. Тројца мажи останале без прсти додека мелеле пиперки за ајвар со помош на бормашина, објави тогаш весникот Дневник.

На 4-ти октоври 2016 година сите тројца биле оперирани во ист ден. Информацијата тогаш ја потврди началникот на хируршкото одделение при Општата болница во Kавадарци, д-р Дано Kулев.

– Станува збор за три лица кои на нашето одделение беа примени со трауматски ампутации на прсти, повреди настанати при мелење пиперки за ајвар со електрична бормашина. Kако што самите ни објаснија, на сите нив им бил потфатен по еден прст додека дотурале пиперки во машинките за мелење. Притоа им биле откинати врвовите од прстите – изјави тогаш Kулев за „Дневник“.

Поради сериозноста на повредата, тројцата средовечни кавадарчани морало да бидат оперирани.

– Бидејќи на пациентите им недостигаше по дел од прстот, пристапивме кон посебна медицинска постапка и обработка на повредениот дел. Мораше на соодветен начин да се третира и сошие местото каде што беше откинат и изгубен врвот од прстот. Во таков случај најпрвин се вади дел од коската на прстот, се оформува повредениот дел и на крајот се шие. Повредените се се уште на нашето одделение, средени и во стабилна состојба – соопшти Kулев тогаш.