Се уште се трага по четиринаесет годишното девојче од Скопје, за кое Македонија денеска се крена на нозе откако мајката утрово објави дека е исчезнато.

Од МВР за Курир претходно потврдија дека утринава добиле пријава во 08:35 часот.

-На 27.11.2023 година во 08:35 часот, З.Ѓ. пријавила дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. (14) е исчезната. Полициски службеници преземааат мерки за пронаоѓање на лицето, стоеше во одговорот кој го добивме од МВР.

Само час и 15 минути пред да пријави во полиција, мајката Зорица на Фејсбук објави дека утрово од 7:20 на нејзината ќерка Вања Ѓорчевска и се губи секаква трага.

-Утрово во 7.20 мојата ќерка Вања Ѓорчевска излезе за на училиште и и се губи секаква трага. Облечена е во црни панталони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели најк патики со кафеава лента на ѓонот. Последен пат е видена во Дебар маало на пат кон Песталоци. Доколку имате било каква информација јавете се на 075 400 816, стои во објавата.