Дел од граѓаните кои на своите регистарски таблички на возилата ги залепија налепниците со ознаката NMK веќе објавуваат фотографии од уништените лепенки. Нагласуваат дека тие веќе се скоро целосно искинати од сонцето. „Бура“ од коментари следуваат под овие објавени фотографии:
-Во Грција ќе се стопат, таму е потопло
– Лесно…ќе смените нови таблици и нема да ви се излупи налепницата, и ќе одите и во Грција и секаде каде што сакате. Ако имате пари за Грција имате пари и за нови таблици.
-Има ново правило за да ја поминете границата, на чело ќе ви ги лепат!
Ова се само дел од коментарите на граѓаните.