Тројца пациенти од сообраќајната несреќа, што вчера утрото се случи во близина на Росоман се однесени во Ургентниот центар на ТОАРИЛУЦ во Скопје, соопштуваат за Канал 5 од Клиниката.

По направените прегледи и дијагностика, една пациентка со сериска фрактура на ребра, свесна, контактибилна во стабилна состојба е примена на Торакална хирусргија.

Пациент со трауматски субарахноидален хематом е примен на Клиниката за неврохирургија, свесен и контактибилен .

Третиот пациент, политрауматизиран со сериозни повреди на повеќе системи, интубиран и на механичка вентилација е на КАРИЛ, соопштуваат од Клиниката без да наведат повеќе детали за пациентите.