Полицијата утрово пронашла три мртви лица во куќа во месноста Бенковац во Хрватска.

Во семејната куќа во Раштевиќ пронајдени се три мртви тела без видливи траги на насилство, а во куќата е пронајден агрегат (генератор) како извор на електрична енергија, соопштија од Полициската управа Задар.

Полицијата излегла на терен откако добила дојава дека овие лица не се јавуваат на повиците.

Во тек е увид на местото на настанот, а се преземаат мерки и дејствија за утврдување на сите факти и околности на настанот, меѓу кои е и обдукција.

Според досега прибраните информации, нема сомнеж за постоење елементи на кривично дело, се додава во полициското соопштение.