На 08.10.2023 во 03.10 часот во угостителски објект во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.Н.(20) од Велес затоа што во објектот послужил со алкохолен пијалок малолетничка од Велес.

За настанот бил известен социјален работник и во негово присуство со малолетничката бил извршен службен разговор во полициска станица.

Т.Н. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.