Полувреме на мечот помеѓу Ол Стар тимот од Саудиска Арабија составен од тимовите на Ал Хилал и Ал Наср против ПСЖ. Резултатот е 2:2.

Поведе ПСЖ со голот на Меси во 3-та минута. Израмни Роналдо во 34-та од пенал. ПСЖ повторно поведе со голот на Маркињос во 43-та и тоа со играч помалку бидејќи Бернард заработи црвен картон. Имаше шанса ПСЖ да зголеми, но Нејмар промаши пенал во 3-тата минута од судиското продолжение на првото полувреме.

Казната стигна на спротивната страна, бидејќи Роналдо постигна втор гол на мечот три минути подоцна.