Утрово најстудено со измерени -16 степени е во Берово и Битола.
По нив следува -13 Тетово и Прилеп, -12 степени во Демир Капија, -11 во Скопје-Петровец, Дебар, -10 во Кавадарци, -9 во Штип, Струмица, Велес, -8 степени во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Куманово, Претор, Гевгелија, -7 во Охрид, -6 во Виница, Крушево, Маврови Анови, -4 Дојран, 0 степени измерени на Попова Шапка.
Висината на снежната покривка изнесува 19 см во Маврови Анови, 15 во Битола, Дебар, Попова Шапка, 12 во Берово, Ѓуриште, 11 во Крушево, 7 во Тетово, Охрид, 6 во Демир Капија, 2 во Претор, Прилеп, Струмица, 1 во Штип.
Во текот на ноќта времето беше ведро, а утрово е сончево, претежно тивко и студено со мала локална облачност. По одделни котлини има појава на магла. Во Пелагонискиот регион и во Демир Капија со намалена хоризонтална видливост до 200 метри.
Сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини со појава на магла. Попладне ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 7 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 3 степени.