Дваесет и петгодишна девојка вчера починала во стан на улицата Вјенчеслав Новак во строгиот центар на Загреб откако конзумирала наркотична дрога со 23-годишен маж, извести загрепската полиција.
Поради ова, 23-годишникот веднаш бил приведен во службените простории на полицијата каде се води кривична истрага.
Полицијата наведува дека смртта настапила вчера, на 10 јануари, во периодот од 03.20 до 13.50 часот на улицата „Вјенчеслав Новак“.
„Според досега утврденото, откако 25-годишната и 23-годишниот конзумирале разни наркотични дроги, 25-годишната починала.
На местото на инцидентот, дежурниот заменик на Жупаниското државно правобранителство во соработка со истражниот тим на Полициската управа во Загреб, изврши увид, по што телото е пренесено во Институтот за судска медицина и криминалистика“, соопштија од ЈП Загреб.