ДВОЈНИОТ убиец Алекса Мичан не се вратил во затворот Зеница откако бил пуштен на отсуство, изјави за Klix.ba, шефот на тој затвор Русмир Исак.

Недолго по ова сознание Мичан бил лоциран и неговото апсење е во тек. Како што пишува Klix.ba, Мичан бил пуштен на отсуство пред Исак да ја преземе функцијата директор на КПУ Зеница.

Реџо Кахриќ, сега поранешен директор на КПД Зеница, го пуштил Мичан на слобода, а засега не се знае дали ова е првпат Мичан да биде пуштен надвор од просториите на затворот Зеница.

Убил две лица и украл пет лаптопи

Мичан во 2004 година во станот што го изнајмил во населбата Мојмило ги убил Сенад Лепирица и Адем Ќатиќ, вработени во ИТ Компјутери, а потоа украл пет лаптопи. Кон работниците испукал 12 куршуми.

Тој е осуден на 25 години затвор, а досега одлежа 19 години. Алекса Мичан, чие вистинско име е Анис Кундалиќ, користел бројни имиња за време на своите измами и други криминални активности.