Со студентските барања започна студентскиот протест во Белград. Предвидено е да се обратат седум студенти.

Loading...

Стотици илјади граѓани се присутни по улиците, плоштадот е преполн, па граѓаните и студентите наоѓаат алтернативни начини да се приклучат.

Поради гужвата пред Собранието на Србија, обезбедувањето ги повикува демонстрантите да дојдат на плоштадот Славија.

Loading...

Поради гужвата пред Собранието на Србија, обезбедувањето ги повикува демонстрантите да дојдат на плоштадот Славија.

Шеќер ставен во тракторските резервоари кај Собранието

Пред Собранието, група млади истуриле шеќер во резервоарите на тракторите, а потоа ги стартувале да „работаат на празно“ додека целосно не се расипат, за потоа никој да не може да ги премести, јавува известувачот на Нова.рс од лице место.