Милиони Украинци беа принудени да ги напуштат своите домови од почетокот на руската агресија. Многумина најдоа безбедност надвор од Украина, додека други се преселиле во западниот дел од земјата, кој е многу побезбеден. The Kyiv Independent пишува дека меѓу нив се и професорот по англиски јазик Олексиј Шпак и неговата сопруга.
Меѓутоа, тие набрзо се вратиле во близина на Одеса бидејќи не можеле да изнајмат стан по разумна цена во западниот дел на земјата.
– Штом се појави нов слободен стан, десетици луѓе се јавуваат кај агентите за недвижности, изјави Шпак за киевскииот медиу. Од една страна, нагласува тој, има луѓе кои бесплатно им помагаат на бегалците, а од друга страна оние кои бараат високи суми.
Шпак, бил шокиран од цената од 3.750 долари за кирија за два месеци за стан во центарот на Ужхород. Најевтината опција била 950 долари, исто така за соба за два месеци. The Kyiv Independent пишува дека пред војната цените не надминувале 200 долари месечно за еднособен стан.
„Тие се обидуваат да заработат пари од војната“
Шпак смета дека Украинците на западот од земјата не ги разбираат целосно размерите на војната, бидејќи тие не се толку погодени од неа како другите граѓани.
– Мислам дека локалното население не ја чувствува таа опасност, рече тој. Во Лавов, град кој исто така се наоѓа во западна Украина, вообичаената цена за изнајмување гарсоњера е илјада долари месечно.
Градоначалникот на Лавов, Андриј Садовиј изјави дека од почетокот на инвазијата во градот пристигнале повеќе од 200.000 луѓе, што го зголемило бројот на жители за речиси една третина. Властите, како што пишуваат киевскиот медиум, обезбедиле повеќе згради за сместување, но се покажало дека побарувачката е многу поголема.
– Ова е исклучително тешко за градот, истакна Садовиј.
Во Лавов, пред руската инвазија, просечната цена за изнајмување била околу 25 долари за ноќ. На првиот ден од војната, 24 февруари, сопствениците ги удвоиле цените, кои продолжиле да растат.
– Тие ја гледаат побарувачката и се обидуваат да заработат пари во војната. Таму луѓето останаа без работа, седат под бомбардирање секој ден, а овде гледаме таков став. Многу фрустрирачки, рече Шпак.
Граѓаните пријавиле надуени цени
The Kyiv Independent забележува дека во таква ситуација се појавиле и измамници. Откако побарале депозит како потврда за резервација, тие наскоро исчезнуваат. Локалните власти поради тоа одлучија да им возвратат на сопствениците кои ги зголемуваат цените.
Градоначалникот Садовиј ги охрабри локалните жители да пријават надуени цени преку телефонската линија на владата. Оттогаш, според украински извор, пристигнати се повеќе од 80 апликации. Садовиј потврди дека ја препратил информацијата до воената администрација и предложи домувањето да се користи за сместување на воени и други луѓе на кои им е потребна. Тој ги повика и Украинците да се обединат.