Загина 24-годишна девојка откако вечерва беше прегазена на пешачки премин во близина на Сити мол во Скопје, објави А1он.

Девојката преминувала улица на пешачки премин, кога автомобил „Тојота“ ја прегазил и ја фрлил неколку метри со што се здобила со смртни повреди.

Неофицијално автомобилот кој ја прегазил претекнувал друг автомобил кој застанал на пешачки.

Полицијата е на терен и врши увид на местото на несреќата.