Ѕвездата на серијата „Пријатели“, Метју Пери е пронајден мртов во џакузи во својот дом во Лос Анџелес. Веста ја соопши полицијата. Пери имаше 54 години.

Истрагата е во тек, и се уште не се знае причина за смртта. Според повеќето калифорнски медиуми немало траги на насилство, ниту пак била пронајдена дрога. Се сомневаат на срцев удар.

Пери е син на актерот Џон Бенет Пери и Сузан Мари Лангфорд, некогашен прес-секретар на канадскиот премиер Пјер Трудо.

Не беше женет и немаше деца. Беше зависен од алкохол и дрога и често пати одеше на рехабилитација. За неговата долгогодишна битка со зависностите напиша и мемоари.