Производителот на чоколади Ferrero ги повлече јајцата Kinder Surprise поради стравувањата дека некои серии може да содржат траги од салмонела, јавуваат утрово светските агенции.

Властите ги повикаа луѓето да не јадат од овие Kinder производи со датуми „НАЈДОБРО УПОТРЕБЛИВО ДО…“ меѓу 11-ти јули и 7-ми октомври 2022 година.

Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство утврди дека постои врска помеѓу одредени производи на Киндер и пријавени случаи на труење со салмонела.

– Како одговор на ова, Фереро презеде чекор на претпазливост да преземе повлекување и отповикување на производот со моментален ефект додека продолжуваат истрагите, соопшти Агенцијата за стандарди за храна.

– Сите примероци од овој производ кој се смета за сомнителен се произведени во иста фабрика. Се смета дека другите производи произведени од Киндер не се засегнати.

Салмонелата е една од најчестите причини за труење со храна. Таа е предизвикана од бактерии кои живеат во цревата на многу птици и други животни.

Симптомите вклучуваат дијареа, грчеви во стомакот, гадење, повраќање и треска.

Повеќето симптоми исчезнуваат во рок од неколку дена, но потешките случаи, особено кај децата, може да доведат до прием во болница.

– Знаеме дека овие конкретни производи се популарни кај малите деца, особено како што се приближува Велигден, па затоа би ги повикале родителите и старателите на децата да проверат дали некои производи кои веќе се во нивниот дом се засегнати од ова отповикување, изјави Тина Потер.

Ferrero доброволно го изврши повлекувањето и отповикувањето на овој производ и ние тесно соработуваме со нив и нивните надлежни органи за да ја идентификуваме точната причина за оваа појава, нагласи Потер.