Голем пожар попладнево избувна во фабрика која се наоѓа во индустрискиот дел на Битола. Според првични информации од терен, гори „Жито Битола“.

Голем пожар изби попладнево во фабриката за брашно „Жито Битола“. Во моментов го гаснат две пожарникарски возила и седум пожарникари.

Засега нема информации за причината за пожарот. Командирот на Противпожарната служба во Битола вели дека се уште нема точни информации за тоа како избувнал пожарот, објави Телма.