Голем пожар беснее во Кочани, а според фотографиите загрозени се куќите во близина.

Неколку пожарникарски возила се на терен, а во гаснењето на пожарот се вклучени и граѓаните кои се обудуваат да помогнат.

Инаку, низ Македонија во моментов се активни неколку пожари.

Попладнево Кочани се бори со невидена огнена стихија. Неколку куќи се целосно изгорени во Белшко Маало, граѓаните се во паника. Поради ветерот огнот набрзина се шири и зафаќа сѐ поголеми делови од градот.

Во пламен е и објект и стовариште на ЈП Македонски шуми. Зафатена е и зграда во населбата викана Бејрут.

Пожарникарни тимови се на терен.

Засега нема информации за човечки жртви, но граѓаните јавуваат за починати животни.

📸

📸

📸

Александар Таушанов од Кочани пред половина час објави алармантен повик за пожар кој, според фотографиите што ги објавува, буквално ја задушува населбата Дрчевик.

„Повик до сите за помош, Дрчевик гори, луѓето бегаат во паника, има болни луѓе за во болница“, напиша Таушанов.

Станува збор за пожар што избувнал во близината на градот, а кој се приближува до првите куќи, до кои чадот веќе стигнал.