Министрите и владините функционери од редовите на Демократската унија за интеграција, поднесоа оставки од функциите во моментов ги извршуваат, објави лидерот на ДУИ, Али Ахмети во писмо адресирано до премиерот Димитар Ковачевски.
Во писмото се наведува дека земјата е во критична фаза од европската иднина, а големите одлуки бараат политичка, национална и државна одговорност и жртви, со оглед на барањето на опозицијата дека би гласале за уставните измени доколку Демократската унија за интеграција излезе од Владата.
Министрите и владините функционери од редовите на Демократската унија за интеграција поднесоа оставки од функциите што во моментов ги извршуваат! Оставките автоматски се ефективни во моментот кога опозицијата ќе гласа за уставни измени“, пишува Ахмети во писмото.