Сирискиот претседател Башар ал Асад можеби загинал во падот на авионот што денеска полетал од Дамаск, објави Ројтерс повикувајќи се на неименувани сириски извори.
Авионот на „Сирија ер“ полета од аеродромот во Дамаск во моментот кога беше објавено дека бунтовниците го зазеле главниот град.
– Два сириски извори рекоа дека постои многу голема веројатност дека Асад можеби загинал во авионска несреќа бидејќи е мистерија зошто авионот направил изненадувачки пресврт и исчезнал од картата според податоците на веб-страницата Флајтрадар, објави Ројтерс.
Авионот првично летал кон регионот на Сирија во кој се наоѓа упориштето на алавитската секта на Асад, но потоа направил остар пресврт и полетал во спротивна насока неколку минути пред да исчезне од радарот, објави Ројтерс, наведувајќи дека не може веднаш да се утврди кој бил во авионот.