Во попладневните часови денеска во Центарот за управување со кризи во Куманово, пријавено е дека едно лице кое влегло во езеро да се бања, му се изгубило трага.
Во горна Брана – Глажња лицето со иницијали Ф.Р од село Никуштак на возраст од околу 30 години, влегол во езерото и истиот не се вратил назад од езерото.
Според информации на 4NEWS.mk во моментов трае потрага.
Глажња (или Глажњанско Езеро) — вештачко езеро на Липковска Река, 17 км од Куманово во северниот дел на Македонија. Името го добило по селото Глажња.
Изградено е во 1971 година. Браната е бетонска лачногравитациска. Котата на нормалното ниво на езерото се наоѓа на височина од 588 м.