Силно невреме какво што не се памети во последните години, со силен дожд, град и грмотевици, попладнево го зафати Тетово и регионот, а дождот целосно ги поплави градските улици.

Полицијата во моментов не дозволува сообраќај на излезот на градот кон Скопје, поради целосно поплавен подвозник.